Легенди на Ливерпул се степаа играјќи мал фудбал (Видео)

Не е важно дали е неофицијален меч или финале на Светско првенство, Република Ирска и Англија не знаат да играат пријателски меѓусебе. Доказот за ова дојде со снимката од турнир во мал фудбал за ветерани.

На две минути до крајот на мечот, се случи инцидент помеѓу двајца поранешни фудбалери на Ливерпул, Мајкл Овен и Џејсон Мекатир. Тие три години играа заедно (од 1996 до 1999) во црвениот дрес на клубот кој сезонава има добра шанса да освои титула во Премиерлигата.

Ирецот Мекатир му ја одзеде топката на Англичанецот Овен, а потоа го надмудри со додавање до соиграч. Но, непотребно го фаулираше противникот, ги фати со две раце, а Овен се оттргна и од зад грб, по нозете го клоцна Мекатир кој заврши на земја.

Тргнаа еден кон друг, се приклучија и другите, дојде до мешаница, Мекатир уште еднаш го удри Овен. Тие кратко се поздравија, а судијата на Овен му покажа само жолт, додека на Мекатир црвен картон.

Погледнете како изгледаше инцидентот:

- Оглас -

Најнови вести