Легендарниот голгетер на Арсенал, Јан Рајт, на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија на која ужива на вечера со други познати некогашни фудбалери на Топчиите. Рајт помина седум сезони во Арсенал и во 288 меча постигна 185 погодоци.
Покрај Рајт, тука е и Тјери Анри, кој е рекордер со 226 погодоци во дресот на лондонскиот тим. Французинот беше предводник на легендарниот тим на „Непобедливите“, кои во 2004 година станаа прваци на Англија без ниту еден пораз во Премиер лигата.
„Убава вечера со момците“, напиша Рајт на постот со фотографијата.
За оние кои не може да ги пропознаат сите они кои биле дел од вечерата со Рајт, тука се: Горен ред од лево на десно: Мартин Кион, Ли Диксон, Гаел Клиши, Дарен Дион, Тјери Анри, Јенс Леман, Џереми Алдаир и Реј Парлоу. Долен ред од лево на десно: Роберт Пирес, Патрик Виера и Јан Рајт.
View this post on Instagram