Реал Мадрид минатата сезона доминираше во Шпанија и во Европа, а со доаѓањето на Килијан Мабпе имаат уште поквалитетна екипа, од која се очекува да доминира и во следните години.
Со оваа констатација се согласуваат и две легенди на Барселона, Ривалдо и Роналд Куман.
„Иако сум поврзан со Барселона, не можам да лажам. Реал Мадрид е далеку напред во моментов. Ако потпише Нико Вилијамс, тоа ќе биде позитивна работа, но мислам дека се потребни многу повеќе засилувања за да се направи екипа која ќе го освои светот.“ – вели Ривалдо.
Слично размислува и Куман, кој вели дека желба му е да се врати на клупата на Барселона, но само кога Лапорта ќе си замине од клубот.
„Реал Мадрид е супериорен во однос на Барселона. Екипата која ја имаат во Мадрид е екипа на иднината. Знам дека Барселона има одлични млади фудбалери како Јамал, Педри, Гави, сите тие се големи играчи, но на Барселона ѝ требаат фудбалери како Мбапе или Меси, кои можат да направат разлика на терен. Сонувам да се вратам во Барселона, но со овој претседател тоа не е можно. Тој не ги почитува клупските легенди. Си замина Меси, заминав јас, замина Чави. Треба да се почитуваат клупските легенди. Раководството тоа не го прави, очигледно легендите не им значат ништо.“ – вели Куман, кој во моментов е селектор на Холандија.