Легендите на Италија и Германија приредија хуманитарен спектакл (видео)

 

Легенди на Италија и Германија вчера во Фурт приредија вистински спектакл. Егзибицискиот меч кој беше организиран со цел да се соберат средства за добротворни цели, беше украсен со мајсториите на Клинсман, Тоти, Пирло, а за да нема лутење, победник не се издвои при конечни 3-3.

За Аѕурите, во стартните 11 имаше дури 10 репрезентативци кои во 2006 година го покорија светот, меѓу кои беа и Франческо Тоти, Андреа Пирло, Лука Тони, Фабио Канаваро, Џенаро Гатузо, Џанлука Ѕамброта, како и Фабио Гросо, а беа предводени од Антонио Кабрини, освојувач на Мундијалот во 1982 година.

Панцерите поведоа со 2-0 по дваесетина минути игра преку автоголовите на Канаваро и Панучи, додека „принцот на Рим“ ги врати Италијанците во игра асистирајќи му на Тони, а потоа и запишувајќи се во листата на стрелци. Томаси погоди за пресврт од 3-2, но Германија издвои реми со погодокот на Волшед во последната минута од регуларните 90.

https://www.youtube.com/watch?v=_2obxBUzmDs

- Оглас -

Најнови вести