Легендите на заедничка вечера, Лука Тони: „Гвардиола го уништи фудбалот“ (Фото+Видео)

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, заедно со легендите Роберто Баџо и Лука Тони, беше на вечера, а фудбалските шеги не изостанаа.

На социјалните мрежи се вклучи Лука Тони, кој го „обвини“ Пеп Гвардиола дека го уништил фудбалот, но и неговата кариера, со измислувањето на лажната деветка.

„Пеп ти го уништи фудбалот. Со лажната деветка не можев да најдам екипа четири години. Сериозно. Можеш да кажеш дека само со Меси ја користеше лажната деветка? Ги сакаш ли ти воопшто класичните напаѓачич?“ – низ шега му се обрати Лука Тони, додека го снимаше разговорот.

Следуваше одговорот од Гвардиола.

„Имам, Ерлинг Халанд, 60 голови. Со тој напаѓач освоивме тројна круна, но напаѓачот мора да и добар, ме разбираш?“ – му одговори Гвардиола.

Следуваше и заклучокот на Лука Тони, а тука некаде и заврши видеото.

„Добро, но сега престани со лажната деветка. Големи напаѓачи се подобри.“ – рече италијанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести