Легендите се надмудруваа овојпат како тренери: Симиќ поуспешен од Блажевски

Работнички го совлада МЗТ Уни банка со 85-78 во меч од првото коло на македонската прва лига во кошарка, а интересно е што на ова мини-дерби, во улога на главни тренери во двата тима беа легендите Тони Симиќ и Перо Блажевски. Симиќ и Блажевски играа заедно и во МЗТ Скопје и во Работнички, а сега првпат се во улога на главни тренери на прволигашки екипи.

Црвените од „Градски парк“ кои ги води Симиќ, имаат четворица странци во тимот, но голем придонес за победата даде и Горјан Марковски со 15 поени и 9 скока. Вториот тим на МЗТ има двајца странци, едниот од нив, Рансом, беше најефикасен со 21 поен, но одличен беше и Лука Петровски со 18. Сепак, Штркчињата ја платија цената на неискуството и не успеаја да приредат изненадување.

Големто дерби на првото коло се игра утре во Битола, засилениот Пелистер го пречекува МЗТ Скопје Аеродром, во дуел на двата тима кои ќе ја претставуваат Македонија во регионалната АБА 2 лига.

- Оглас -

Најнови вести