Легендите Тони Кукоч и Дино Раџа уживаа во атмосферата во белградската Арена (Видео)

Легендарните хрватски кошаркари Дино Раџа и Тони Кукоч се специјални гости на мечот од Евролигата меѓу Партизан и Олимпијакос во белградска Арена. Раџа и Кукоч кариерите ги почнаа во Југопластика, и тоа во времето кога уште постоеше Југославија, па често гостуваа и во Белград кај Партизан, но секако дека оваа атмосфера која сега ја почувствуваа е посебна.

https://twitter.com/i/status/1773432704215703705

Инаку хрватските легенди беа дочекани со аплаузи од страна на навивачите на Партизан.

Белградските Црно-бели играат еден од клучните мечеви во трката да стигнат до позиција која ќе ги одведе во плејофот во Евролигата.

https://twitter.com/i/status/1773433474470297686

- Оглас -

Најнови вести