3303 Лех – Стал Мјелец (Екстракласа, Полска, 15 часот)
Првакот на Полска доживеа голем бродолом пред четири дена во Азербејџан и со пораз од 1:5 против Карабах испадна во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Сега ќе продолжат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, што е оценето како голем неуспех.
Денеска ќе ја почнат одбраната на титулата во полското првенство, a противник им е еден од најпознатите полски клубови и двократен шампион, Стал Мјелец.
Клуб за кој настапуваа легендите на полскиот и светскиот фудбал, Гжегорж Лато, Зигмунд Кукла, Хенрик Касперчак…
Лех ќе бара рехабилитација за елиминацијата од ЛШ и мора да оди на победа, а Стал Мјелец нема што да загуби против фаворитот, па очекуваме старт со најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (1.64)
2702 Хелсинки – ВПС (Веикауслига, Финска, 16 часот)
Шампионот на Финска, ХЈК, по дивовска битка со летонска РФС и на пенали се пласира во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите.
Хелсинки е во лош ритам во првенството и е во серија од четири меча без победа, па падна на третото место.
Шампионот не смее да си дозволи нов кикс во шампионатот, бидејќи веќе засотанува за шест бода зад лидерот Купс.
ХЈК го чека и тежок двомеч со Викторија Плзен во квалификациите за ЛШ и мора да го победи скромниот тим на ВПС, иако играчите се уморни.
Предлог тип: 1&0-3 (2.35)
2602 Ѓургарден – Варнамо (Алсвенскан, Шведска, 17.30)
Ѓургарден влезе во победнички ритам и има четири триумфи на последните пет меча и е кандидат за титулата во Шведска.
Клубот што е 12-кратен првак и има долга фудбалска традиција од 131 година е гигант во својата земја и денеска апсолутен фаворит против Варнамо.
И Варнамо е клуб со столетна традиција, формиран е пред 110 години и за првпат по 30 години игра во Првата лига на Шведска.
Денеска се тотални аутсајдери и ќе загубат, на меч на кој ќе има барем по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.40)
1921 Јанг Бојс – Цирих (Суперлига, Швајцарија, 18 часот)
Цирих доминираше во ланската сезона во Швајцарија и со убедлива предност од 14 бода пред Базел и 16 во однос на Јанг Бојс ја освои титулата.
Од тој аспект малку и чудно изгледаат коефициентите кои даваат сигнал дека домаќините се големи фаворити со квота за кец од 1.59.
За триумф на актуелниот првак коефициентот е многу примамлив и изнесува 4.65, а Цирих на последните три меча го победуваше Јанг Бојс.
Иако двојката е одлична за да се одигра барем на системски тикет во Sport Life, сепак според нас посигурна варијанта е да се бара комбинација од ГГ, во едно од двете полувремиња на меч на две одлични екипи со офанзивен пристап на фудбал.
Предлог тип: ГГ прво/второ (1.67)
3142 Осиек – Горица (ХНЛ, Хрватска, 19 часот)
Прекрасен подготвителен период имаше Осиек за новата сезона и забележа шест победи на шест меча со импресивна гол-разлика 16:2.
Еден од фаворитите за титулата во Хрватска верува во успешен старт на сезоната и на првенството, но на гости во „Градски врт“ им доаѓа незгоден ривал со кој ремизираа на последните три натпревари.
Горица ќе биде задоволна со нов нерешен меч и ќе се обиде со добро испробана тактика да го изненади Осиек со цврста одбрана и со контранапади.
Сепак домаќините се во топ-форма и имаат подобар тим и типуваме дека ќе победат во тврд натпревар и со клучен гол, или голови во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1 (3-90)