Лех секогаш има лек за Висла Плоцк

По паузата поради настап на репрезентациите во Лигата на нациите, на сцена се враќа клупскиот фудбал. Повторно, како што веќе стана вообичаено, за натпреварите од викендот на Спорт Манија го имаме нашиот редовен гостин, Панче Ќумбев, со неговите анализи и предлог-типови за пет натпревари од различни првенства во Европа.

 

Волфсбург – Лајпциг (сабота, 15.30 часот)

Што друго би типувал кога играат овие две екипи. Сезонава се супер расположени за голови и едните и другите и затоа овде типувам дека ќе има голови на двете страни, комбинирано со 3 + .

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

Фулам – Саутемптон (сабота, 16 часот)

Мислам дека конечно е време навивачите на Фулам да се израдуваат на победа. Можеби смената на Јокановиќ ќе делува како позитивен шок за фудбалерите на Фулам и конечно ќе освојат три бода. Очекувам Клаудио Раниери, кој е искусен тренер, да донесе промена на подобро кај домашниот состав.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

Лех Познањ – Висла Плоцк (сабота, 18 часот) 

Време е Лех да се разбуди. Четири натпревари се без победа, а тоа за тим со високи амбиции не е дозволено. На гости им доаѓа нивниот константен „муштерија“ и верувам во победа на домашните со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (2.35)

 

Атлетик Билбао – Хетафе (недела, 12 часот)

Тимот од Билбао годинава е разочарување за познавачите на Ла Лига. Имаат квалитетни играчи, немаат многу промени во составот во однос на минатата и претходните сезони, но не играат добро. Сепак, верувам дека ова е натпреварот кој ќе им донесе пресврт во формата.Типувам победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Монпелје – Рен (недела, 15 часот)

Монпелје годинава е одличен. Не случајно се наоѓа на високото трето место на табелата. Имаат цврста одбрана и само 8 примени погодоци, најмалку во француското првенство, по Пари Сен Жермен. На гости им доаѓа секогаш незгодниот Рен, но мислам дека домаќинот е благ фаворит на овој натпревар.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести