8.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Лејкерс даде 77 поени во едно полувреме, има 7 победи по ред, Лука играше за ќерка му

Лука Дончиќ и Остин Ривс со 34, односно со 33 поени на мечот (победа од 133-121) против Њу Орлеанс пеликанс му ја донесоа седмата победа по ред на ЛА лејкерс во НБА-лигата и станаа четвртиот тандем соиграчи во последните 50 сезони кој на три натпревари по ред даваат 30+ поени.

Последни кои го направија тоа пред нив беа Јанис Адетокумбо и Демиен Лилард од Милвоки во 2023 година.

Езерџиите во првото полувреме уфрлија 77 поени, што е нивен тимски рекорд сезонава, а Дончиќ вториот роденден на ќерката Габриела го прослави со 20 поени во првата четвртина, со што стана рекордер во историјата на НБА како играч со најмногу постигнати 20+ поени во квартали.

Актуелниот шампион Оклахома сити тандер го доби својот 20-ти натпревар на 21 меч оваа сезона, победувајќи го Портланд со 123-115. Тандер има 12 победи по ред, а единствениот пораз сезонава им е токму од Портланд на 5 ноември. Интересно беше во Кливленд, каде што Бостон славеше со тесни 117-115, иако имаше предност од 11 поени разлика на две минути до крајот.

Во Филаделфија, каде што гостуваше Атланта, се играа две продолженија и на крајот победија гостите до 142-134, расипувајќи му го камбекот на Џоел Ембид. На овој меч, во двата тима имаше по еден играч од двата тима со над 40 поени, тоа беа Тајрис Макси од Филаделфија и Џејлен Џонсон од Хокс.

- Оглас -

Најнови вести