Лејкерс го испраќа Голден стејт на летен одмор? (Фото)

Лос Анџелес лејкерс и Мајами хит вечерва на домашен терен имаат прилика со победа да се пласираат во конференциските финалиња во НБА лигата. Двата тима водат со по 3-2 во победи, а според квотите, домашните се и фаворити на хартија.

Во понудата на Sport Life, има по 25 кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе дадат, и по колку скокови и асистенции ќе имаат.

Од стрелците на мечот во Мајами, највисоко е поставена хендикеп границата кај Џими Батлер од Хит, а потоа од гостинскиот играч Џејлен Брансон.

Добра вест за Лејкерс е што може да сметаат на Ентони Дејвис кој го повреди окото на претходниот меч. Езерџиите треба да се плашат од Клеј Томпсон кој во оваа серија не игра според очекувањата, но познат е како мајстор за шести мечеви од плејофот. Ако Томпсон се разигра, Воините може да се надеваат на победа, во спротивно, веројатно им завршува сезоната и од утре ќе одат на одмор и НБА ќе добие нов првак.

- Оглас -

Најнови вести