Лејкерс го растури Портланд, а Леброн знаеше: Коби Брајант беше во салата!

Лос Анџелес лејкерс убедливо со 135:115 славеше против Портланд и поведе со 3:1 во победи во првото коло од плејофот во НБА-лигата. Од првата секунда Лејкерси почнаа силно и поведоа со 15:0, недозволувајќи му на противникот во ниту еден момент да се надева дека може да стигне до победата.

Порталнд не само што не успеа да поведе, туку и во текот на целиот меч предноста на противникот беше двоцифрена. На почетокот на третата четвртина Лејкерс водеше и со 92:58 (плус 38 поени), па остатокот на мечот беше само формалност.

Овој меч имаше посебно значење за Лејкерс бидејќи беше посветен на легендарниот Коби Брајант. Дуелот се играше на 24 август, односно 24.08. Тоа се двата броја кои Брајант ги носеше во текот на дведецениската кариера во Лејкерс. Токму во чест на Коби, Лејкерс играше во специјалните Блек Мамба дресови, посветени на легендата. Освен за Коби, на дресовите во срце го имаше и бројот 2. Тоа е бројот кој го носеше Џана Брајант, ќерката на Коби, која беше со својот татко на кобниот лет.

Леброн Џејмс беше предводник на Лејкерс со 30 поени, 10 асистенции и шест скока за 28 минути игра. Едноставно немаше потреба Леброн да се троши на меч на кој победникот беше познат многу рано. Посебен момент на овој дуел се случи во првата четвртина, кога Лејкерс во еден момент имаше предност од 24:8. На семафорот стоеја двете бројки кои ја симболизираат кариерата на Коби.

„Кога погледнав во семафорот и видов дека е 24:8, бев во стилот ОК, јасно ми е, Коби е во салата“, изјави Брајант по мечот.

Мајами ја елиминираше Индијана, и тоа со чисти 4:0 во победи, откако ноќеска славеше со 99:87. Најголем адут на Жешките на овој меч беа играчите од клупата за резерви. На крајот резервите на Мајами дадоа 41 поен, додека оние од клупата на Индијана постигнаа само три поени. Словенецот Горан Драгиќ со 23 поени беше најефикасен во победничкиот тим.

Неизвесно ќе биде на дуелот Оклахома – Хјустон, каде што е 2:2 во победи. Во интересен меч, Оклахома синоќа славеше со 117:114

 

- Оглас -

Најнови вести