Преодниот рок во НБА лигата станува интересен. После официјализацијата на трампата со која Руди Гобер од Јута прејде во Минесота, па во тимот се формираа „кули близначки“ Гобер и Карл Ентони Таунс, сега Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин нетс подготвуваат супер размена на бекови.
Од Нетс во Лејкерс треба да замине Кајри Ирвинг, а нов член на Мрежичките треба да стане Расел Вестбрук, кој не се снајде кај Езерџиите.
Ирвинг е близок пријател со Леброн Џејмс со кого заедно освоија титула во дресот на Кливленд, но за да се реализизра трампата, ќе треба согласност од Бруклин во Лејкерс да го испрати и Сет Кари.