Лос Анџелес лејкерс ја победи Индијана пејсерс со 150-145 во меч од НБА-лигата каков што одамна не е виден.
Ова е најефикасна игра за Лејкерс во последните 37 години, а првпат по 51 година четворица нивни играчи на еден меч успеаја да постигнат 25 или повеќе поени.
Езерџиите во последната четвртина влегоа со предност од 16 поени разлика, но Индијана дојде на минус три. Сепак, голем пресврт не се случи, домашните победија благодарение на десетте поени во последната минута.
Гостинскиот тренер Рик Карлајл беше незадоволен од судиите кои на Лејкерс му досудија 14, а на неговиот тим 31 лична грешка, па односот во шутнати слободни фрлања беше 43-16 за Лејкерс.
Милвоки бакс со 118-93 го надигра Оклахома Сити тандер, па сега Грмотевиците веќе не се први на Западот. Јанис Адетокумбо имаше 30 поени и свој сезонски рекорд од 19 скока, додека Крис Мидлтон го направи вториот трипл-дабл во кариерата. За Оклахома сити ова беше најнеефикасна игра сезонава.