Лејкерс и Милвоки се посрамотија по еднаш, вечерва на поправен

Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс претрпеа непријатни порази во првите мечеви од плејофот и се запишаа во негативните рекорди на НБА-лигата. Само трипати во 73 години во првите мечеви од првото коло загубиле лидерите на Источната и Западната конференција во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во 1969 година, ЛА лејкерс и Балтимор булитс (денешен Вашингтон визардс) губеа во првите мечеви од нивните плејоф-серии од првото коло, но тогаш во разигрувањето за титулата учествуваа само по четири најдобри тимови од двете конференции, па првото коло беше и полуфинале по конференции. Куршумите таа година не само што го загубија првиот меч, туку и беа елиминирани.

Во 2003 година, Сан Антонио спарс на Западот и Детроит пистонс на Истокот си дозволија луксуз да губат со 0-1 против тимовите кои беа осми во регуларната сезона. Спарс не само што направи пресврт во првото коло против Феникс, туку на крајот ја освои и титулата таа година. По 1969 и 2003, само уште годинава се случи двата први носители да загубат во првиот меч и да бидат во ситуација да бркаат негатива во една серија во која се фаворити на хартија.

Редно е Лејкерс со Леброн Џејмс и Бакс со Јанис Адетокумбо вечерва да покажат дека не случајно беа први во своите конференции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести