Лејкерс има нов тренер, тоа е човек кој има играно против Леброн Џејмс! (Фото)

Дарвин Хем ќе биде нов тренер на Лос Анџелес лејкерс. Хем сезонава работеше како помошник тренер во Милвоки бакс, а на клупата на Лејкерс го наследува Френк Вогел.

Првата ѕвезда на Езерџиите, Леброн Џејмс, се огласи преку социјалните мрежи и порача дека е среќен што Хем ќе му биде тренер.

Интересно е што Леброн и Хем имале дуели еден против друг, во годините кога Хем играше за Детроит, а Џејмс ја почнуваше НБА кариерата во дресот на Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести