Лејкерс конечно ги скротија Волците во Минесота, ќе ве насмее бунарот на Леброн (Видео)

Лос Анџелес лејкерс конечно успеа да ја прекине незгодната серија од 7 порази по ред во „Таргет центар“ во Минесота и ги скроти Волците со победа од 112:104.

Ова е прв триумф на актуелниот првак на гостински терен во Минесота од 2015 година, а стандардно до победа ги предводеше Леброн Џејмс. Постигна 30 поени искомбинирани со 13 скока и 7 асистенции, но фрли и еден бунар што ќе ве насмее.

https://twitter.com/TheHoopCentral/status/1361871705732378624?s=20

Голем подвиг приреди Бруклин нетс со победа од 128:124 против Феникс санс, откако популарните Мрежички губеа со цели 24 поени разлика во првото полувреме.

Џејмс Харден блескаше со 38 поени, 11 асистенции и 7 скока, а ефектот во поени му е највисок откако е член на Бруклин. Популарната Брада играше и за отсутните ѕвезди Дурант и Ирвинг, кои не настапија на дуелот против Феникс.

Нова врвна патртија баскет одигра и Никола Јокиќ со 43 поени, 6 скока и пет асистенции, но Денвер нагетс загубија во Бостон со 112:99.

Резултати: Бостон – Денвер 112:99, Мемфис – Њу Орлеанс 113:144, Милвоки – Торонто 113:124, Минесота – Л.А. лејкерс 104:112, Оклахома – Портланд 104:115, Феникс – Бруклин 124:128.

- Оглас -

Најнови вести