Лејкерс конечно влегоа во серија победи кога Леброн блеска (Видео)

Лос Анџелес лејкерс влезе во серија победи откако со 122:114 славеше над Сакраменто во калифорниското дерби. За Лејкерс ова е трет триумф во низа, а, секако, најзаслужен е Леброн Џејмс, кој беше најдобар на теренот.

Кралот Џејмс мечот го заврши со 31 поени, а имаше и по пет скока и пет асистенции.

Лејкерс неуверливо го започна мечот и првото водство го имаше дури во втората четвртина. Потоа двата тима се менуваа во водство и никој не успеа да стигне до двоцифрена предност, а на крајот осумте поени за Лејкерс се и најголемото водство што го имаа домаќините на овој меч.

Во останатите мечеви: Кливленд – Мемфис 106:110, Торонто – Сан Антонио 129:104, Њујорк – Индијана 104:94, Њу Орлеанс – Феникс 110:123.

 

- Оглас -

Најнови вести