Лејкерс покажуваат зошто ќе бидат фаворити за титулата во НБА, го здробија Голден стејт

Лос Анџелес лејкерс по втор пат во три дена го победи Голден стејт, овојпат убедливо со 126:93, во меч од предсезоната во НБА-лигата. Од првата минута Лејкерс поведоа и потоа во продолжение само констактно ја зголемуваа разликата.

Тимот од ЛА на овој меч покажа зошто го сметаат како еден од фаворитите за освојување на титулата. Ветеранот Леброн Џејмс постигна 18 поени, а со исто толку заврши и Авери Бредли. Двајт Хауард полека се враќа во ритам и одигра добар меч, а на крајот имаше 13 поени и седум асистенции.

Во останатите мечеви кои утрово се играа во НБА-лигата: Шарлот – Детроит 110:116, Хјустон – Сан Антонио 114:128, Њујорк – Атланта 96:100, Оклахома – Мемфис 119:124 и Јута – Портланд 118:124.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести