Лејкерс последен пат гостува во својата сала, Јокиќ против Сабонис, на Дончиќ му е роденден (Фото)

Шесте натпревари во НБА-лигата, секој интересен на свој начин, се на програмата вечерва по полноќ, а Sport Life ви нуди и повеќе од 50-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат вечерва.

Од играчите, најпривлечни за обложување се Лука Дончиќ, кој е прв стрелец во НБА, а денеска му е роденден, наполни 25 години, и против Торонто ќе биде екстра мотивиран, особено по вчерашниот болен пораз.

Мегадуел ќе има во Денвер, каде што еден против друг ќе се сретнат Никола Јокиќ и Домантас Сабонис. Србинот и Литванецот имаат серија од три трипл-дабл по ред на претходните три меча. Интересно е дека Сакраменто сезонава има 3-0 против првакот, па Денвер ќе се обиде да избегне „метла“ во меѓусебните дуели со Кралевите.

Чикаго има седум порази по ред против Кливленд, а и вечерва Коњаниците се фаворити според квотите.

Во Лос Анџелес се игра градско дерби и овој меч ќе биде запишан во историјата затоа што Лејкерс последен пат ќе биде во улога на гостин во својата Crypto.com арена (старото име на салата е „Стејплс центар“) бидејќи Клиперс од следната сезона се селат и како домаќини ќе играат во новиот „Интуит дом“ во едно предградие на Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести