Лејкерс прави ѕвезден тим достоен за Холивуд

Лос Анџелес лејкерс наскоро во својот играчки кадар ќе го додаде Кармело Ентони. Искусното крило е близок личен пријател на Леброн Џејмс, со кого заедно влегоа во лигата во 2003 година. Ентони беше член на Хјустон и Чикаго булс, во минатата сезона одигра само десет меча (имапе 13,4 поени по меч), а од февруари нема ангажман.

Многу имиња се поврзуваат со трансфер во редовите на „езерџиите“, но во моментов најблиску до премин во Лос Анџелес е Ентони. Се најавува дека дресот на Лејкерс ќе го облечат и двајца некогашни соиграчи на Леброн, тоа се тројкашот Кајл Корвер и добриот дефанзивец Џеј Ар Смит. Интерес за Кармело има и од неговиот некогашен клуб Њујорк никс, но идејата за играње со Џејмс му е попривлечна.

- Оглас -

Најнови вести