Лејкерс примија 140 поени, а Леброн Џејмс испиша историја: прв со над 10.000 поени, скокови и асистенции

Лос Анџелес лејкерс загуби од Феникс санс со 111-140 во меч од НБА-лигата кој беше одлучен уште во првата четвртина, која Сонцата ја добија со 48-22, а суперѕвездата на Езерџиите, Леброн Џејмс, испиша историја и рекорд кој уште многу долго нема да биде израмнет или надминат.

Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал над 30.000 поени и притоа има и над 10.000 скокови и асистенции. Никој друг не е ни блиску до изедначување на овој историски трипл-дабл. Не постои друг кошаркар во историјата што има над 9.000 скокови и асистенции.

Џејсон Кид има над 8.000 скокови и асистенции, како и над 10.000 поени. На легендата Оскар Робертсон, кој беше мајстор за трипл-дабл, му фалат над 2.000 скока и 113 асистенции, а Расел Вестбрук во моментов е на 8.531 асистенции и 7.455 скокови.

Инаку Феникс сезонава ги има победено сите противници во Лигата, а овие 140 поени се сезонски рекорд за Санс, иако играа без Крис Пол.

Ова е 10-илјадитата асистенција на Леброн во кариерата:

- Оглас -

Најнови вести