Кошаркарите на Чикаго булс го победија Лос Анџелес лејкерс 119:117 во меч кој имаше неверојатна завршница. Само на 12,6 секунди до крајот Лејкерс водеше со 115:110, но Биковите не се предадоа и приредија сензација.
Чикаго постигна три тројки во последните 12,6 секунди, а последната беше со звукот на сирената со шут од повеќе од половина терен. Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и другарите немоќно гледаа додека играчите на Чикаго се радуваа на деветтата победа во последните 11 меча.
Лејкерс водеше и со 105:92 во последните пет минути и малку кој веруваше дека може да се случи пресврт, но играчите на Чикаго тоа го направија на најневеројатен начин.
Меч за паметење одигра и Индијана, која на теренот во Вашингтон одигра историски меч. Пејсерси победија со 162:109, поставувајќи клупски рекорд за најмногу постигнати поени на еден меч. Индијана постигна дури 27 тројки, што исто така е клупски рекорд.
Резултати: Кливленд – Сан Антонио 124:116, Орландо – Далас 92:101, Вашингтон – Индијана 109:162, Мајами – Аталанта 122:112, Чикаго – ЛА лејкерс 119:117, Оклахома – Мемфис 125:104, Јута – Хјустон 110:121, Сакраменто – Портланд 128:107.