Лејкерс против најслабиот тим во НБА, но во негова сала не победиле од 2015 година

8001 Бостон селтикс – Денвер нагетс (01.00 часот)

Гостите се во подобра форма, имаат серија од три победи по ред, од кои последната против првакот Лејкерс. Бостон има четири порази на последните пет меча. Денвер со 15-11 е седми на Западот, а Бостон со 13-13 е петти на Истокот и оваа споредба покажува дека Западната конференција е многу посилна и Нагетс почесто играат тешки мечеви. Јокиќ и другарите играат добра одбрана, на последните три меча најмногу поени што примија беа 105. Нагетс на гости има три порази по ред.

Предлог тип: <220.5 поени (1.74)

 

8496 Милвоки бакс – Торонто репторс (02.00 часот)

Милвоки има непријатна црна серија од три порази по ред, но тимот на Јанис Адетокумбо и понатаму го држи второто место на Истокот. И Репторс е во криза, вечерва типуваме дека тие ќе го претрпат третиот пораз едноподруго. Канадскиот тим од 2017 наваму секогаш дава барем 100 поени на гостувањата кај Елените. Пред неполн месец, на 28 јануари, Милвоки победи во Торонто со 115-108, па и дома би требало да го совлада истиот противник.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

8495 Минесота тимбервулфс – Лос Анџелес лејкерс (02.00 часот)

Минесота е најслаб тим во НБА, Шумските волци имаат само седум победи и 20 порази. Интересно е што тие на претходниот меч победија и прекинаа црна серија, а Езерџиите загубија и им заврши убава низа од триумфи. Кај првакот, неизвесен е настапот на ѕвездата Ентони Дејвис. Иако гостувањата на Лејкерс во нивниот поранешен град традиционално се многу негативни и не победиле таму уште од март 2015 година, кога играа продолжение, овојпат веруваме дека ќе го разбијат малерот.

Предлог тип: 2 (1.40)

 

8497 Феникс санс – Бруклин нетс (04.30 часот)

Според формата на тимовите, ова е дерби на вечерта. Двата тима се во налет, Нетс има три победи по ред и на последните два меча даде вкупно 270 поени, а Санс шест победи по ред и дури девет на последните десет меча. Двата тима имаат по 17 победи сезонава. Мрежичките се без Кевин Дурант, но веќе покажаа дека и без него, но со Харден и Ирвинг, може да бидат мошне ефикасни. Феникс дома не загубил од 28 јануари.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

8661 Њујорк ренџерс – Њу Џерси девилс (01.00 часот)

Њу Џерси има многу болни играчи, па затоа дури вечерва ќе го одигра својот десетти натпревар сезонава, иако сите други тимови во НХЛ-лигата имаат одиграно барем по 11 меча. Ѓаволите имаат скор 4-5, а од деветте меча, на три имаше продолжение. Ренџерс имаат 4-9, ги загубија последните три меча и бараат излез од кризата. Девилс славеше на последните две гостувања кај Ренџерите, а традицијата најавува и меч богат со голови.

Предлог тип: >5.50 гола (1.75)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести