Лос Анџелес лејкерс триумфираше со 129-101 на гостувањето кај Голден стејт и ја зачини убавата вечер за нивните најдобри играчи Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Словенецот кој го прослави 27-миот роденден, даде 26 поени и беше прв стрелец во тимот. Џејмс, пак, стана вториот играч во историјата на Лејкерс после Коби Брајант, со погодени 1.000 тројки во дресот на овој славен НБА клуб (Џејмс во целата кариера има дадено 2.618 тројки, над 1.000 има и за Кливленд).
Кај Вориорс ги немаше Стеф Кари и Кристапс Порзингис, плус примија 19 тројки и тешко беше да му се спротивстават на гостинот.
Торонто го победи Вашингтон со 134-125, што за Визардс е четврти пораз по ред, но тие уште не може да сметаат на новодојдените повредени ѕвезди Ентони Дејвис и Тре Јанг. Четири победи по ред има Њу Орлеанс кој победи на гости кај Јута со 115-105, а лоша вест за Пеликаните е што во втората четвртина им се повреди Зион Вилијамсон.

