Потег на очајници – Лејкерси ангажираа кошаркар што ја напушти НБА за да биде Јеховин сведок

Лос Анџелес лејкерс е во голема криза и се одлучи на очајнички потег што е сензационален.

Најтрофејниот НБА клуб потпиша 10-дневен договор со Дарен Колисон, 34-годишен кошаркар, кој во 2019 година на шокантен начин ја заврши кариерата за да им се приклучи на Јеховините сведоци.

Колисон можеше во 2019 година да потпише повеќегодишен договор со НБА клуб за плата од 10-12 милиони долари по сезона, но одлучи да и се посвети на религијата.

Тогаш имаше 31 година, а сега повторно изненади со тоа што ја прифати понудата на Лејкерс за 10-дневен договор и тимот од Лос Анџелес ќе му биде шесттиот клуб во НБА кариерата.

Претходно популарните Езерџии го вратија од пониските лиги и Ајзеа Томас, кој исто така има 10-дневен договор, што е во согласност со правилата на НБА во невообичаени ситуации.

Моментно во НБА е токму таква ситуација, вонредна поради пандемијата со Ковид-19 и на клубовите им е дозволено да склучуваат 10-дневни договори со кошаркарите.

 

- Оглас -

Најнови вести