Шарлот хорнетс победи на гостувањето кај ЛА лејкерс со 100-97 во единствениот натпревар од НБА-лигата одигран ноќеска.
Езерџиите водеа со 11 поени разлика по првото полувреме, но на крајот на третата и на почетокот на последната четвртина Стршните со серија од 23-1 направија пресврт и на крајот дојдоа до тесна победа.
Лука Дончиќ никако да фати ритам по враќањето на терените и преселбата во Лејкерс, против Шарлот даде скромни 14 поени и погоди само една тројка од девет обиди. Леброн Џејмс беше прво име кај Лејкерс со 26 поени (16 во последната четвртина) и 11 асистенци, но тоа не беше доволно. Џејмс го имаше и потегот на мечот, феноменално забивање какво што не можат да направат ни многу помлади кошаркари од него.
BRON YAMS IT OVER MARK WILLIAMS 😱😱😱
FILTHY. pic.twitter.com/UU6cPwmEa6
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 20, 2025
Откако Лука дојде во Лејкерс, тимот има една победа и два порази.
Мајлс Бриџис со 29 и ЛаМело Бол со 27 поени беа најефикасни кај Шарлот. Бол имаше една одлична акција во која го „извади од патики“ Дончиќ и потоа асистираше за кош.
Melo crosses Luka and dishes to Mark Williams for 2 pic.twitter.com/gHjrUazQnr
— CJ Fogler 🫡 (@cjzero) February 20, 2025