Лејкерс водеше и 19 разлика, но на крајот загуби дома (Видео)

Лос Анџелес лејкерс речиси цел натпревар имаа предност во дуелот со Окалхома, но на крајот загубија, и тоа на свој терен со 104:107. Домаќините поведоа со 8:0, а потоа брзо стигнаа и до двоцифрено водство од 11 разлика (19:8). Разликата на Лејкерс се зголемуваше и во втората четвртина, па во еден момент на семафорот стоеше резултатот 44:25 за Лејкерс. Во тие моменти делуваше дека домаќините ќе слават лесна победа, и тоа без повредениот Леброн Џејмс, но не беше така.

Оклахома во финишот на втората четвртина со серија 12:2 намали на 52:48, но по три четвртини водството на Лејкерс повторно се искачи на осум поени (80:72). Во решавачката чевртина гостите заиграа многу подобро и за првпат успеаја да поведат со 85:84, а потоа со зголемена самодоверба, во решавачките минути беа подобри и на крајот славеа со три поени предност. За Оклахома ова беше само втора победа во осмиот меч, додека Лејкерс го претрпе четвртиот неуспех во девет средби досега.

Ентони Дејвис блескаше со 29 поени, 18 скока и пет асистенции, додека Вестбрук додаде 17 поени, но тоа не беше доволно за победа на домаќините.

 

Резултати: Детроит – Филаделфија 98:109, Атланта – Јута 98:116, Мајами – Бостон 78:95, Феникс – Хјустон 123:111, ЛА лејкерс – Оклахома 104:107.

- Оглас -

Најнови вести