10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Лејкерси ако сакаат да останат во игра за плејофот, мора да го победат тимот од којшто имаат 12 порази по ред (Фото)

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари од НБА-лигата коишто имаат од 137 до 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Еден од најинтересните натпревари ќе се игра во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, каде што Лејкерси го пречекуваат Феникс санс.

На десет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, ЛА лејкерс има скор од 35 победи и 37 порази, се наоѓа на 12-тата позиција на табелата во Западната конференција и има една победа помалку од десеттата Минесота, која се наоѓа на позиција која ѝ носи пласман во плејин-турнирот.

Дополнителен проблем за Лејкерси претставува податокот дека сè уште не можат да сметаат на првата ѕвезда на екипата, Леброн Џејмс, кој е повреден. Згора на тоа, Езерцата загубија на последните 12 меѓусебни дуели против Феникс санс.

Последен пат Лејкерс славеше речиси пред две години. Сезонава веќе одиграа три меча (130:104, 115:105,119:115), но вечерва победата мора да биде единствена опција за Лејкерси ако сакаат да ги задржат шансите за пласман во разигрувањето за титулата, а квотата за „кец“ изнесува 2,03.

Големи возбудувања се очекуваат и на мечот меѓу Далас и Голден стејт, кој ќе претставува дуел на едни од најдобрите шутери на денешницата. Стеф Кари и Клеј Топмсон се адутите на Голден стејт, Кајри Ирвинг е адут на Далас, додека неизвесен ќе биде настапот на Лука Дончиќ поради повреда. Поради тоа, не е изненадување што границата за бројот на поени изнесува 236,5.

Според квотите, апсолутни фаворити се Милвоки бакс (1.05) против Сан Антонио спарс, Мемфис гризлис (1,12) во дуелот со Хјустон рокитс, Торонто репторс (1,28) против Индијана пејсерс.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 39-мина кошаркари се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени. Фаворити да ја поминат предложената граница на поени се: Ар Џеј Берет, Кевин Мартин јуниор, Џоел Ембид, Демар Дерозан, Крис Пол, Енотни Дејвис…

 

- Оглас -

Најнови вести