Лејкерси без Дејвис во следните два меча

Ентони Дејвис е еден од најкостантните играчи во НБА-лигата сезонава. Тие што редовно ги следат мечевите на Лејкерс и често го ставаат на тикет Веѓата, знаат дека просекот од 27,7 поени ќе биде достигнат без проблем во 90% од случаите. За жал на обложувачите, во следните неколку тикети кои ги прават со кошаркари од НБА лигата, не ќе може да ја вметнат и ѕвездата на тимот од Ел-Еј.

Дејвис ноќеска се здоби со повреда на грбот во победата на Лејкерс против Њујорк никс, но по првите прегледи се верува дека не се работи за сериозна повреда. Болките засега се неизбежни, па затоа Дејвис ќе мора да ги пропушти следните два меча на Лејкерс со цел да се избегне дополнителна компликација.

Во обид да блокира противнички играч, Дејвис падна директно на грбот и не можеше да стане некое време. По неколку минути се исправи и тргна кон соблекувалната.

Две последователни гостувања кај Далас и Оклахома се следните предизвици за лидерот од Западната конференција, па вистинска штета е што еден од најдобрите играчи во лигата ќе отуствува во тие спектакли.

- Оглас -

Најнови вести