8.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Лејкерси фаворити во градското дерби, Атланта лесно треба да помине кај најлошиот тим во лигата

Три меча се играат вечерва во НБА-лигата, а делува дека два треба да бидат „сигурица“. Вашингтон визардс има очаен старт само со една победа и дури 15 порази. Волшебниците на свој терен се очајни без ниту една победа од шест меча, а вечерва пред своите навивачи ја дочекуваат Атланта. Јастребите се одлични и сезонава, на гости имаат осум победи во 11 средби, па не случајно се големи фаворити за победа во Вашингтон.

Во Лос Анџелес ќе се игра градското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс. Според актуелната форма на двата тима, ова треба да биде лесен триумф на Лејкерси, кои имаат 12 победи и само четири порази во новата сезона. Од друга страна, Клиперс е со биланс само од пет победи и дури 12 порази. Лејкерси имаат и три победи по ред во дуелите со градскиот ривал.

Најнеизвесно треба да биде во Филаделфија, каде што 76-ките го пречекуваат Орландо. Ова се екипи кои се наоѓаат на седмото и осмото место на Источната конференција, што само е потврда дека имаат сличен квалитет. И традицијата вели дека ќе биде неизвесно затоа што во последните 10 меѓусебни меча, двата клуба имаат по пет победи.

Во понудата има и точно 30-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени. Во дербито на Лос Анџелес, Лука Дончиќ да биде „во плус“ мора да постигне барем 33 поени. Границата за Леброн Џејмс е на 20,5 поени. На спротивната, кај Клиперс за Џејмс Харден границата е на 24,5 поени, а Каваи Ленард да биде во плус мора да биде барем со 21 поени.

- Оглас -

Најнови вести