Екипата на Лос Анџелес лејкерс дојде до петтата победа сезонава во НБА, откако на домашен паркет беше подобра од Хјустон рокетс со 119:117.
Домашниот тим иако имаше убава предност во завршницата, сепак во последниот напад Кевин Портер Џуниор промаши шут за три поени, со кој ќе му донесеше победа на својот тим.
Најдобар поединец кај Езерџиите беше кој друг, ако не Леброн Џејмс, кој имаше дабл-дабл учинок од 30 коша и 10 асистенции, а исто така одлични беа и Ентони Дејвис и Расел Вестбрук, кои имаа по 27 уфрлени поени.
Мајами хит продолжува со одличниве партии сезонава, а последна нивна „жртва беа Далас маверикс со Лука Дончиќ, во меч кој заврши 110:125.
Младиот Тајлер Хиро одигра уште една блескава партија и беше најдобар стрелец кај Жешките со 25 поени, а најефикасен на средбата беше токму Словенецот со 33 поени.
Актуелниот првак Милвоки бакс немаше проблем на гостувањето кај Детроит пистонс, каде што забележа триумф од 89:117.
Јанис Адетокумбо уфрли 28 поени, а имаше и девет асистенции и осум скока.
РЕЗУЛТАТИ НБА
Детроит пистонс – Милвоки бакс 89:117
Далас маверикс – Мајами хит 110:125
Јута џез – Сакраменто кингс 119:113
Феникс санс – Њу Орлеанс 112:100
ЛА лејкерс – Хјустон рокетс 119:117