Четири меча се играат вечерва во НБА-лигата, а еден од резултатите кои се очекува е пораз на Лос Анџелес лејкерс, и тоа на свој терен. Лејкерси во претходниот меч во „Стејплс центарот“ беа сведоци на испишување на истрорија, откако Леброн Џејмс стана најдобриот поентер во историјата на НБА, надминувајќи го рекордот на Карим Абдул Џабар.
На тој меч Лејкерс загуби од Оклахома, а сега на гости им доаѓа Милвоки бакс, тим кој е во одлична форма и има 10 победи во последните 11 дуели. Фаворит на гости е и Денвер кај Орландо, додека домашниот терен треба да го искористи Атланта против Феникс санс.
Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот Бруклин – Чикаго булс. Биковите се радувале четири пати во последните пет меча против овој ривал, но сега ќе биде тешко да продолжат со позитивниот ритам.
Секогаш тука е и понудата за бројот на поени на кошаркарите. Над 30 играчи кои ќе бидат на теренот вечерва се дел од понудата „плус-минус“.