Лејкерси ќе ја повлечат 99-ката на првата вистинска ѕвезда во НБА (Фото)

Лос Анџелес лејкерс ќе го повлечат дресот со број 99 на првата вистинска и голема ѕвезда во НБА-лигата, Џорџ Мајкан, а тоа ќе го сторат на дуелот со Минесота тимбервулфс на 30 октомври.

Мајкан, кој има хрватски корени, играше 7 сезони за тогашните Минеаполис лејкерс и освои пет шампионски круни, а за него се менуваа и правилата во НБА поради доминацијата под обрачите.

Мајкан го одигра последниот меч пред 66 години, а со висината од 208 сантиметри доминираше во НБА.

За него велат дека е предвесник на модерните центри од калибарот на Вилт Чембрлен, Бил Расел, Карим Абдул Џабар, Шекил О`Нил, Давид Робертсон… и првата вистинска НБА-ѕвезда.

Постхумно 17 години од смртта, Лејкерс ќе му оддадат почест на Мајкан, кошаркар за кого се менуваа правилата во НБА.

Поради големата доминација под обрачите, воведено е правилото за слегувачка патека при шут кон кошот, потоа и проширен е рекетот, а воведено е и ограничување на нападите.

Мајкан е првиот кошаркар во НБА што постигнал над 10.000 поени, а тоа го стори при кусиот камбек во лигата во 1956 година.

 

- Оглас -

Најнови вести