Лејкерси на свечена церемонија го повлекоа дресот на Гасол, па му зедоа мерка на Мемфис (Видео)

ЛА Лејкерс во „Крипто.ком“ арената со 112:103 го совладаа Мемфис гризлис, а во фокусот пред натпреварот беше кошаркарот кој настапуваше за двата тима, Пау Гасол.

Почетокот на натпреварот го одбележа Гасол кој шест години играше за ЛА Лејкерс (2008-2014), кого на свечена церемонија, дресот со бројот 16 што Шпанецот го носеше, беше повлечен од употреба и повеќе ниту еден кошаркар на Езерцата нема да го носи.

Шпанецот во НБА лигата пристигна во 2001 година, и тоа во Мемфис за кого играше се до 2008 година, по што пристигна во ЛА Лејкерс каде ги имаше најдобрите моменти од кариера. Заедно со Коби Брајант освоија две шампионски титули, во 2009 и 2010 година. И токму неговиот дрес се наоѓа покрај двата на Коби (8 и 24).

 

„Многу ми недостасува, не можам ништо друго да сторам освен да бидам тука, покрај неговото семејство“, рече Пау меѓу другото на свечената церемонија.

На теренот, Лејкерси со 112:103 го совладаа Мемфис гризлис иако играат без повредениот Леброн Џејмс и ја продолжија борбата за пласман во плејофот. Во негово отсуство, екипата ја предводи Ентони Дејвис кој средбата ја заврши со 30 поени и 22 скока и во последните пет меча има просек од 32 поени по натпревар.

Далас маверикс со 120:116 ја совлада Јута џез, а дуото Лука Дончиќ – Кајри Ирвинг игра сè подобро заедно на паркетот. Словенецот постигна 29 поени и имаше 10 скока, додека Ирвинг даде 33 поени.

Милвоки без повредениот Јанис Адетокумбо, без проблеми го совлада Орландо меџик со 123:123. Брук Лопес со 26 поени ја предводеше листата на стрелци на Милвоки.

Ѕверска партија со 39 постигнати поени одигра Џоел Ембид во победата на неговата Филаделфија над Минесота.

Резултати: Детроит – Вашингтон 117:119, Орландо – Милвоки 123:134, Минесота – Филаделфија 94:117, Њујорк – Шарлот 105:112, Хјустон – Бруклин 96:118, Оклахома сити – Голден Стејт 137:128, Далас – Јута 120:116, ЛА Лејкерс – Мемфис 112:103.

- Оглас -

Најнови вести