Лејкерси не се како Клиперс и Џез, толку беше од чудата на Денвер! (Видео)

Лос Анџелес лејкерс е првиот финалист во НБА плејофот, откако утрово со 117:107 го победија Денвер нагетс што беше доволно за да го елиминираат со 4:1 во победи. Денвер и во овој меч даде достоен отпор, но едноставно беше послаб од противникот.

На почетокот од третата четвртина Лејкерс поведе со 72:56, но Денвер не се предаде и успеа да се врати на 84:84. Сепак, во решавачките моменти, тимот од ЛА предводен од Леброн Џејмс, повторно заигра подобро и на крајот стигна до победа со двоцифрена разлика.

Леброн беше вистински лидер на теренот и имаше трипл-дабл со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции. Одлично го следеше и Ентони Дејвис со 27 поени. Кај Денвер предводник беше Никола Јокиќ со 20 поени и седум скока.

Лејкерси во финалето ќе го чекаат подобриот од Мајами и Бостон. Во моментов Жешките имаат предност од 3:2 во победи.

https://youtu.be/25NvtFNJJIU

 

 

- Оглас -

Најнови вести