Лејкерси очајни, Леброн Џејмс може да размислува за летување (Видео)

Во клучниот дел од сезоната, Лос Анџелес лејкерс игра најлошо. Тимот од „Стејплс центар“ загуби на свој терен од Њу Орлеанс со 111:114, што е петти неуспех во низа за најтрофејниот клуб во НБА историјата.

Ова беше директен дуел на два тима кои се борат за разигрување пред плејофот, а Њу Орлеанс со оваа победа веќе е на чекор од осигурување на едно од првите 10 места на Западот со биланс од 34 победи и 43 порази. Лејкерс падна на 11-тата позиција и сега има 31 победа и 46 порази.

Леброн Џејмс одигра одличен меч со 38 поени, осум скока и четрии асистенции, но на крајот промаши шут за тројка со кој можеше да го израмни резултатот. Сега е се поизвесно дека сезоната на Лејкерс може да заврши уште следната недела и тимот воопшто да не биде во приказната наречена НБА плејоф.

Да биде уште полошо за Лејкерс, Леброн по мечот најави дека има повреда и дека дефинитивно ова беше последниот меч за него сезонава.

Резултати: Орландо – Торонто 89:102, Вашингтон – Далас 135:103, Бостон – Индијана 128:123, Хјустон – Сакраменто 117:122, Мемфис – Феникс 122:114, Милвоки – ЛА Клиперс 119:153, Оклахома – Детроит 101:110, Сан Антонио – Портланд 130:111, Денивер – Минесота 130:136, ЛА лејкерс – Њу Орлеанс 111:114.

- Оглас -

Најнови вести