Лејкерси се враќаат на лошите патеки – Ќе ангажираат тренер кој скоро десет години не водел клуб

Работите во Лос Анџелес Лејкерс по освојувањето на титулата во 2020 година не одат на добро, а доказ за тоа è и отказот кој што му го дадоа на тренерот Франк Вогел.

Тимот составен од ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и Расел Вестбрук не успеа да се пласира во плеј-офот во оваа сезона.

Како нов тренер од наредната година ќе биде Марк Џексон кој што речиси десет години нема водено тим од НБА лигата. Последен пат тој ги предводеше Голден Стејт ворирорс од 2011 до 2014 година.

Тешко ќе биде да се претпостави како оваа одлука ќе ја прифатат играчите, особено Џејмс кој што е познат дека има голема улога при бирањето на тренерите во клубовите за кои што тој настапува.

- Оглас -

Најнови вести