4.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Лејкерси шокантно поразени, Дончиќ за еден скок не дојде до трипл-дабл (Видео)

Лос Анџелес лејкерс беа поразени на домашен терен од Орландо со резултат 110:109 откако Вендел Картер постигна кош на шест секунди пред крајот. Леброн Џејмс се обиде да погоди тројка со звукот на сирената по тајмаутот, но не беше прецизен и победата замина на страната на Меџик.

Банкеро беше најдобар кај победничкиот тим со 36 поени, десет скока и шест асистенции, додека Бејн додаде 22 поена и шест асистенции. Картер натпреварот го заврши со 20 поени, 12 скока и две асистенции, а двоцифрен беше и Да Силва со 13 поени, шест скока и три асистенции.

Кај Езерџиите, Лука Дончиќ постигна 22 поена со 15 асистенции и девет скока, додека Ејтон и Џејмс додадоа по 21 поен. Ејтон запиша и 13 скока, а Џејмс шест скока и четири асистенции. Ривс постигна 18 поени со три асистенции и два скока, а двоцифрен беше и Хачимура со десет поени.

Резултати:

Индијана – Филаделфија 114:135
Атланта – Вашингтон 119:98
Бруклин – Далас 114:123
Кливленд – Њујорк 109:94
Торонто – Оклахома 107:116
Чикаго – Шарлот 99:131
Милвоки – Мајами 128:117
Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109
Феникс – Бостон 81:97
Портланд – Минесота 121:124
Лос Анџелес – Орландо 109:110

- Оглас -

Најнови вести