Лекарот кој го спасуваше Ериксен, повреден во инцидент во Софија (Фото)

Клупскиот доктор на Лудогорец, Валентин Великов, беше ранет во задната страна на бутот од пиротехничко средство со кое беше погоден за време на дербито на бугарската лига во Софија против ЦСКА.

Овој инцидент предизвика внимание во светските медиуми затоа што Великов беше еден од луѓето кои први дотрчаа летоска да му помогнат на Кристијан Ериксен, кој имаше срцев удар за време на меч на ЕВРО 2020. Доктор Великов доби и награда од УЕФА.

Великов покажа каква рана има на ногата, а раскажа и дека болката била голема и дека по експлозиите од топовски удари, летале парчиња бетон кон клупата на Лудогорец и можеле да минат и полошо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести