Кристијано Роналдо вечерва се прослави со ферплеј-потег кога одби досуден пенал над него, а не можеше да го доигра мечот Ал Наср – Персеполис од азиската Лига на шампиони поради болки во вратот.
На стартот на второто полувреме, иранскиот голман Алиреза Бејранванд во еден дуел слета врз Роналдо, а Португалецот 20-тина минути играше со болки пред конечно да биде заменет. Веднаш замина со физиотерапевтите во соблекувална, а од клубот објавија дека првичните прегледи покажале дека Роналдо нема повреда.
Ова е одлична вест за Ал-Наср бидејќи веќе в петок им претстои мегадерби со Ал-Хилал, кој е прв на табелата во саудиското првенство.
https://twitter.com/i/status/1729216268069417162