Црвена ѕвезда, шампионот на АБА-лигата, како гостин го совлада Жалгирис во Каунас со 61-59, а малку фалеше домашните да се извлечат во драматичната завршница. За Ѕвезда ова е прва гостинска радост сезонава.
Лукас Лекавичиус имаше шут за три поени во последната секунда, но неговиот обид не беше прецизен и баскетот се одби од обрачот. Претходно, Жалгирис утна едно слободно фрлање за изедначување на 60-60, а Ѕвезда не искористи едно слободно за 62-59. Пред овој меч, двата тима имаа по три порази по ред.
Били Берон со 14 и Лоренцо Браун со 12 поени беа најдобри стрелци кај Црвено-белите, а кај Зелената шума двоцифрени беа Григонис и Улановас со по 11 и Лендејл со 10 поени.