23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

„Л’екип“: Нејмар почнал преговори со Манчестер јунајтед!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, во следната сезона би можел да заигра во Премиер лигата, и тоа не во Њукасл кој се спомнува како можна дестинација, туку во Манчестер јунајтед.

Според најпознатиот француски спортски весник „Л’екип“, агентите на Нејмар веќе почнале преговори со Црвените ѓаволи. Наводно Касемиро бил „посредникот“ кој најмногу сака да заигра во ист тим со својот сонародник и го убедува Неј да му се придружи на „Олд Трафорд“.

Нејмар сака да си оди од клубот во кој е од 2017 година, а и Светците кои имаат договор со него до 2027 година, би се согласиле на продажба (има опција и за позајмица во Јунајтед со опција за задолжителен откуп на договорот после една сезона), бидејќи Бразилецот е скап, често се повредува, и не прикажува игри какви што се очекуваат од него.

- Оглас -

Најнови вести