Леклер доминантно до пол-позицијата во Азербејџан, Ферстапен дури шестти

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, е победник во квалификациите за трката за ГН на Азербејџан во Баку. Леклер доминантно стигна до пол-позицијата, а друштво во првата стартна линија ќе му прави Оскар Пиастри, кој во самиот финиш го симна Карлос Саинц на третата позиција и не дозволи еден-два победа на Ферари.

Од четвртата позиција ќе стартува Перес, додека петти заврши Расел. Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен, комплетно разочара и ќе стартува од шесттата позиција. За него ова е седма трка по ред како не успева да дојде до пол-позицијата.

Од седмото до десеттото место ќе стартуваат Хамилтон, Алонсо, Колапинто и Албон.

- Оглас -

Најнови вести