22.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Леклер доминантно до пол позицијата во Франција

Шарл Леклер беше убедлив во квалификациите на патеката за големата награда на Франција и возачот на Ферари утре ќе стартува од пол позицијата. За Леклер ова е 16 најдобра стартна позиција во кариерата, а седма оваа сезона. Со денешното возење се потврди доминацијата на Ферари на оваа патека.

Веднаш до Леклер од првиот ред ќе биде Макс Ферстапен кој заостана дури три десетинки зад најдобриот, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез заврши како трет.

Луис Хамилтон ќе стартува од четвртата позиција, а потоа следуваат Норис, Расел, Алонсо, Цумода, додека Карлос Саинц ќе биде дури деветти.

 

- Оглас -

Најнови вести