Леклер е домаќин и фаворит за најважната пол-позиција во Формула 1

Болидите на Ферари беа најбрзи на вчерашните тренинзи во Монте Карло, а ако го повторат тоа издание, би можеле да се најдат во првиот стартен ред на утрешната трка, нешто што е огромна предност на уличната трка на која речиси и да нема места за претекнување.

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е од Монако, и тој ќе вози на свој терен, што му носи мотивација, но и притисок. Леклер не ја заврши претходната трка, па падна на второ место во генералниот пласман.

Ако победи утре, може да се врати на чело, но прво треба да се потруди денеска да биде најбрз на квалификациите и да се најде на пол-позиција. Леклер за оваа трка има и специјална кацига во боите на знамето на Монако.

Реално, битката за пол-позиција ќе се води меѓу Леклер и Макс Ферстапен од Ред Бул, а Саинс од Ферари и Серхио Перес од Ред Бул чекаат шанса од втор план. Од Ред Бул беа непријатно изненадени со временското заостанување зад Ферари на вчерашните тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести