Леклер е пред победа во Монако, Ферстапен може да „скокне“ две места благодарение на неговиот колега (ВИДЕО)

Шарл Леклер е пред победа на трката за големата награда на Монако, откако заврши прв во денешните квалификации, каде што оствари време од 1:11.136 минута. Ако се знае дека претекнувањето е речиси невозможно на оваа стаза, тогаш возачот на Ферари треба рутински да ја одработи утрешната трка, за да финишира прв.

На второто место се најде неговиот колега, Карлос Сајнц, но тој кон самиот крај беше дел од еден верижен судар, кој што беше започнат од Чеко Перез од Ред Бул, кој ќе тргне од местото под број три.

Актуелниот првак, Макс Ферстапен е четвртопласиран, но се надева дека би можел да стартува од второто место, доколку механичарите на двата болида, мораат да променат делови по кои што Перез и Сајнц ќе бидат казнети со неколку места.

Луис Хамилтон, пак имаше уште едни разочарувачки квалификации, завршувајќи на осмото место со повеќе од секунда заостанување зад првото место.

Старот на трката е закажан за утре од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести