24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Леклер ги коментираше шпекулациите дека догодина ќе вози за Мерцедес

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, се колнеше дека не преговара со Мерцедес како што се шпекулира деновиве.

Се појавија гласини дека Леклер разговарал со Тото Волф од Мерцедес за во 2024 година да премине кај нив како замена за Луис Хамилтон. На Хамилтон договорот му завршува на крајот на сезонава, а Леклер е „врзан“ за Црното коњче до 2034.

„Не сум имал разговори со Мерцедес, засега не. Сконцентриран сум на проектот во Ферари, имам доверба во овој проект. Не ме барал Волф. Навистина не. Сите се смеете бидејќи не ми верувате, но ветувам дека е така“, рече пилотот од Монако.

- Оглас -

Најнови вести