20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Леклер конечно победи, Ферари му го расипа денот на големиот конкурент на Ред Бул ринг

Шарл Леклер конечно успеа да го победи Макс Ферстапен, за првпат по трката во Австралија, а денеска беше најбрз на Ред Бул ринг за Големата награда на Австрија.

Во драматична трка пилотот на Ферари ги разочара пилотите на Ред Бул и прв мина низ целта, пред Ферстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон, кој заврши на третата позиција и се искачи на подиумот.

Трката беше исклучително интересна, а потегот на денот го имаше Данецот Магнусен со велемајсторското претркување на двајца ривали во 24. круг.

Трагичар на трката е Карлос Саинц, кој возеше одлично, но му откажа болидот и мораше да се откаже.

Во првата десетка на трката за Големата награда на Австрија место покрај трилингот најбрзи имаше и за Расел, Окон, Шумахер, Норис, Магнусен, Рикијардо и Алонсо.

 

- Оглас -

Најнови вести