33.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Леклер на пол-позиција, Хамилтон е непријатното изненадување на квалификациите во Унгарија

Шарл Леклер ја освои пол-позицијата на квалификациите на Хунгароринг и на утрешната трка ќе се бори за победа со своето Ферари.

Неговиот тимски колега, седумкратниот Ф1 првак Луис Хамилтон, тотално потфрли и ќе стартува дури како 12-ти.

Зад Леклер се најдоа двајцата фаворити, Пјастри и Норис од Мекларен, четврти е Расел. Сите четворица беа со минимални разлики, четвртиот Расел заостана само 53 илјадитинки зад победникот, што најавува интересна и изедначена трка. Изненади ветеранот Фернандо Алонсо кој ќе стартува петти.

- Оглас -

Најнови вести